ОДБИЕНА ТУЖБАТА НА РУСКОВСКА ПРОТИВ ВМРО ДПМНЕ

0
71

Граѓанскиот суд Скопје ја отфрли тужбата за клевета на шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал Вилма Русковска против ВМРО-ДПМНЕ. Полномошникот на Русковска, адвокатот Панче Ефтимов, по соопштувањето на пресудата изјави дека ќе почекаат да видат какво ќе биде образложението од судот и соодветно на тоа ќе реагираат.

-Доколку се водиме од јазикот на ВМРО-ДПМНЕ, јавната критика и сарказмот, произлегува дека сваровски судијата избран од тефтерчето не може да пресуди и се уште го држат за уши – изјави адвокатот на Русковска.