Педро Санчес – Бројот на заразени со коронавирус во Шпанија не е реален, имаме повеќе и од три милиони позитивни на КОВИД 19

0
96

Шпанскиот премиер Педро Санчес денеска изјави дека реалниот број на заразени со коронавирус во Шпанија е повисок од три милиони луѓе. Во телевизиското обраќање до граѓаните, тој рече дека оваа недела бројот на заразени официјално надминал 1 милион, но дека „реалниот број на заразени од избивањето на пандемијата е три милиони“.

Властите во Мадрид претходно денеска најавија забрани за собирање од полноќ до 6 наутро, за да се заузда ширењето на епидемијата. Забраната треба да стапи на сила утре, а неколку други шпански градови сакаат да воведат полициски час.