Прегазен велосипедист во Струмица

0
83

Прегазен велосипедит во Струмица со тешки повреди пренесен во болница.

„На 30.10.2020 во 05.30 часот на ул. “Климент Охридски“ пред крстосницата со локалниот пат за село Градско Балдовци во Струмица, засега непознато возило удрило во велосипедист Т.А.(56) од село Куклиш“ информираат од полиција.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.А. кои му биле констатирани од доктор во Медицински центар Струмица.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица и се работи на расчистување на случајот