СЗО – ЕВРОПА ЈА ГУБИ ТРКАТА СО ВИРУСОТ

0
89

Во Европа, ситуацијата е немилосрдно црна и голем број земји објавија рекордни бројки, почнувајќи од Франција, која вчера за прв пат регистрира над 50.000 нови инфекции, а бројот на смртни случаи во Европа го надмина прагот од 250.000.

46-те европски членки во СЗО сочинуваат 46 проценти од вкупните инфекции во светот и скоро третина од сите смртни случаи, изјави Мајк Рајан, главен експерт за итни случаи на СЗО.

„Сега во Европа, заостануваме зад овој вирус и за да излеземе пред него, ни треба сериозно забрзување“, рече Рајан на прес-конференцијата во Женева.

Капацитетите на болниците за лекување на пациенти со ковид-19 во Европа е зголемен, а смртноста е „многу, многу мала“, рече Рајан, заблагодарувајќи им се на здравствените системи и работниците.

„Но, сведоци сме на голем број случаи, сведоци сме на широко распространета инфекција, сведоци сме на многу висока стапка на инфекција и недостаток на капацитети за да се спроведе ефикасно следење на контактите на заразените, што ќе ја однесе инфекцијата во неврат“, рече тој.

“И многу земји сега се соочуваат со низа карантини во следните недели. Сигурен сум дека ниту една земја во Европа или во светот не сака да биде во таква ситуација”, рече тој.

Марија Ван Керхове, техничка менаџерка за ковид-19, запрашана за растечкиот број на пациенти во Европа, рече: „Ние сепак се надеваме дека земјите нема да мора да влегуваат во национални карантини“.

Европските лидери денеска предупредуваат за мрачна претстојна зима во услови на нагло зголемување на случаите со ковид-19, што наведува многу земји да воведат нови мерки за борба против вториот бран на пандемијата, објавија агенциите.

Се повеќе земји во Европа и во светот рушат рекорди во бројот на заразени за еден ден. На врвот на рангирањето сеуште се САД со скоро 60.000 нови инфекции во последните 24 часа. Но, со оглед на големината и популацијата, многу е полошо во Франција, каде што бројот за прв пат надмина 50.000 нови случаи.

Во светот досега 42,9 милиони луѓе биле заразени со коронавирус, а 1.151.929 починале.

Веста дека вакцината што ја развиваат Универзитетот во Оксфорд и фармацевтската компанија „АстраЗенека“ предизвикува силен имунолошки одговор и кај постарата и кај помладата популација дава надеж во време кога есента полека се приближува до зимата на северната хемисфера. Но, британскиот министер за здравство Мет Хенкок предупредува дека вакцината сè уште не е развиена во целост и дека нема да биде широко достапна дури ниту следната година.

Светската здравствена организација (СЗО) неодамна соопшти дека очекува смртноста од ковид-19 во Европа да се зголеми во текот на октомври и ноември и дека овие месеци ќе бидат „многу тешки“ во однос на епидемијата.

Бројот на заразени во Европа во моментов е во пораст, предводен од Франција, која имала вчера рекордни 52.010 нови случаи на ковид-19.

Повеќе од 250.000 луѓе починале досега од оваа болест на европскиот континент.

СЗО вчера објави дека е срушен нов рекорд претходниот ден кога станува збор за бројот на коронавирусни инфекции во светот, трет ден по ред.

Според светската статистика на СЗО, 465.319 лица биле потврдени во саботата, 449.720 во петокот и 437.247 во четвртокот.

Владите се очајни да избегнат карантин. Оваа мерка ја ограничи болеста на почетокот на годината, но исто така предизвика големи штети на фармите.Зголемениот број на новоинфицирани лица, а на повидок не се гледа крај, принуди многу земји повторно да прибегнат кон најстрогите епидемиолошки мерки.

„Ни претстојат многу, многу тешки месеци“, рече германската канцеларка Ангела Меркел.

Преземено од Канал 5