Апсење во Гостивар: Приведено 19- годишно момче

0
123

Едно лице било приведено во Гостивар под сомнение дека извршило кражба.

Според пријавеното, вчера околу 22.30 часот, во с.Долна Бањица, гостиварско полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Р.С.(19) од Гостивар, поради постоење основано сомнение дека извршил кражба во објект во близина на гостиварскиот голем пазар.

Лицето е задржано во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка и расчистување на случајот.