(ВИДЕО)Веста дека момче со потекло од тетовски Челопек направило масакр во Виена, ги потресе мештаните

0
147

Во тетовски Челопек се чуствува вознемиреност, но и загриженост кај селаните. Веста дека момче со потекло од нивното село направило масакр во Виена, велат не потресе сите. Настанот го осудуја. Реакција за инцидентот испратија и од Министерството за надворешни работи

Велат дека инцидентот ќе влија негативно за цела држава, а посебно за нивното село и печлабарите од Челопек, а ги има многу и се отселени во западно – европскиот свет.
Кујтим Фејзулаи,момчето кое пукаше во Виена а само со потекло од селото, неговите родители се одамна отселени во Хрватска, а потоа се преселени во Австрија. Велат дека Кујтим никогаш не бил во Челопек, а неговите родители ги паметат како мирни луѓе.

Селаните велат дека инцидентот долго ќе го паметат. Се надеваат дека вакви слични проблеми нема да се повторат, оти Челопек како важело за село кое били мирно.

Осуда за настанот испратија од Министерството за надворешни работи

-Силно го осудиваме терористичкиот напад во Виена. Тоа е трагичен удар за еден од најбезбедните градови во Европа. Ја споделуваме болката со нашите австриски и европски колеги. Тероризмот не признава ниту нација, ниту религија, ниту потекло и ние строго го осудуваме овој терористички чин без разлика од кого е сторен. Изразуваме сочуство до семејствата и граѓаните на Австрија и застануваме покрај нив во овие тешки моменти. Република Северна Македонија и како членка на НАТО и како земја кандидат за членство во Европската Унија активно придонесува кон Меѓународната коалиција за борба против тероризмот од било каков вид, истакнаа од Министерството за надворешни работи

Фејзулаи бил осуден на 22 месеци затвор лани во април поради обид да се приклучи на Исламска држава во Сирија, но бил ослободен во декември според законот за малолетници.