ИСТОРИЧАРОТ ПОПОВСКИ ДО КАРАКАЧАНОВ: Не треба да ве вознемирува тоа што ве нарекуваат Татари

0
273

Доктор Петар Поповски, историчар, преку војот фејсбук профил излезе со интересно обраќање до бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов.

„Г-не Каракачанов, ништо не е спорно со тоa што ‚Македонците ве нарекуваат татарско племе!’ и тоа не треба да Ве вознемирува, бидејќи се работи за научно – историска вистина, за непобитни историски факти. Тоа што ние Македонците Ве нарекуваме ‚Бугари-Татари’, а така Ве нарекува и целиот свет, се разбира, оној упатениот, не лаички, туку врз научна основа и логика, Вие сте Туркмено-Татари. Општо е познато, дека Вашите далечни предци самите себе си се нарекувале ‚Болвари-Боливари’, подоцна модифицирано во ‚Болгари’, односно – ‚Бл’гари’, е непобитна вистина. Мораме да укажеме на фактот дека тие Ваши предци имале темно-жолта боја на кожата. А ние Македонците и припаѓаме на ариевската раса, која се одликува со изразито бела боја на кожата. Зарем во тоа не гледате етногена разлика? Македонците никогаш не можат да се наречат Туркмено-Татари, бидејќи не се тоа, а Вие упорно, без и најмало морално етичко чувство ги поистоветувате со нив. Со таквите погледи кон вистината, ги навредувате и едните и другите. Значи, се работи за два антропо-морфолошко-етногено посебни ентитети..!?“, пишува меѓу другото на својот профил професорот Поповски.