КОВИД Центарот во Тетово преполн со пациенти

0
73

Во КОВИД центарот при Клиничката болница Тетово моментално е хоспитализиран 51 пациент.

Во КОВИД центарот при Клиничката болница Тетово моментално е хоспитализиран 51 пациент. Сите се на кислородна подршка и со тешка клиничка слика.
Состојбата со вирусот во тетовско е алармантна, информира координаторот на КОВИД центарот при Клиничката болница во Тетово Д-р Гзим Нуредини. Интерното оделение е пренаменето во КОВИД центар , ако има потреба и дел од педијатрија ќе биде пренаменета за болничко лекување од коронавирус.

Загриживачки е што од тетовско има се поголем број на смртни случаи.

Тој апелира граѓаните сега кога е најризично, да носат заштитни маски и да не ги кријат контактите за заразените, што е една од најголемите причини за трансмисијата на болеста.