По серијата земјотреси се бројат штетите во Маврово – Ростуше

0
76

По серијата земјотреси кои вчера најсилно беа почуствувани во Општина Маврово Ростуше водата за пиење се уште не е за пиење, а се пребројуваат и штетите врз објектите.

Градоначалникот на Општина Маврово -Ростуше Медат Куртовски, вели дека се работи претежно за стари објекти,но очекува да има штети и врз викендици, чии сопственици не се тука, па затоа и нема барем засега такви пријави.

Вчера земјата во Општина Маврово – Ростуше се тресеше до 9 пати. Првиот и најсилниот со магнитуда до 5 степени кој беше евидентиран неколку минути пред 5 часот, потоа следуваа афтер шокови. Вториот по јачина беше во 15 25 минути кој оштети неколку објекти во Галичник. Последниот, но со послаб интензитет, беше регистриран десетина минути по полноќ.