Патријархот Иринеј се бори за живот, некои портали јавија дека починал

0
102

СПЦ објави дека општата состојба на патријархот Иринеј се влошила, како резултат на ковид – 19.

„Постојаниот совет на лекари во присуство на лекари од Руската Федерација ја следи општата и клиничката состојба на неговата Светост патријархот Иринеј од Србија“, соопшти СПЦ.

Службата за информирање на јавноста ги демантира бројните дезинформации кои ги објавија повеќе медиуми во Сброја и регионот.

„По повод лажните вести за наводното упокојување на Неговата Светост Српскиот патријарх г. Иринеј, ја информираме јавноста дека, според официјалниот извештај на советот на лекари кои се грижат за здравјето на Поглаварот на нашата црква, неговата состојба е непроменета во однос на извештајот што го објавивме утрово. Сметаме дека ваквото лажно известување и намерна измама и малтретирање на целата јавност, дури и од одредени црковни личности, како и некои медиуми на кои до одреден степен може да им се верува, се крајно неодговорни и неморални.“ се вели во најновото соопштение на СПЦ