Светот се поблиску до вакцина за коронавирусот?

0
82

Главниот американски експерт за инфективни болести Д-р.Ентони Фаучи на Глобалниот фармацевтски самит во изјава за Фајненшал Тајмс изјави дека е голем оптимист кога станува збор за продуцирање на вакцина против ковид-19 од страна на компанијата “Модерна“. Тој очекува нивото на ефикасност да биде слична како онаа на компанијата “Фајзер” и “Бионтех” која има ефикасност од околу 90%.

-Модерна има скоро идентитчна мРНА вакцина која ги завршува клиничките испитувања, слично на тоа што го направија Фајзер минатата недела. Затоа се надеваме дека ќе видиме слични резултати од страна на Модерна, и тогаш би имале 2 вакцини во игра,истакна Д-р.Ентони Фаучи .

Иако вакцините се на повидок сепак Фаучи смета дека сега не е време на опуштање туку напротив треба да ги зацрвстиме мерките за контрола на вирусот.

-Според мене ова наместо да ги олабави мерките бидејќи мислиме дека имаме вакцина, напротив треба да ги зацрвсти бидејќи ова е светлото на крајот од тунелот, вели Д-р.Ентони Фаучи .

Во третата фаза на клиничко испитување учевстуваа околу 30.000 доброволци , половина од нив ја примиле вакцината а другата половина само плацебо. Од “Модерна” соопштија дека завршиле со прибирање на информации од првите анализи и дека финалите резултати околу ефективноста на вакцината ќе ги имаат најдоцна до крајот на Ноември.

Вакцината на компанијата Модерна би била третата која дава ветувачки резултати откако претходно германската компанијата Фајзер и англискиот фармацевтски гигант Астра Зеника исто така објавија дека добиле охрабрувачки резултати од нивните клинички испитувања.