Судот одлучи: Санадер и ХДЗ се виновни во корупциската афера Фими медија

0
85

Пресудата на повтореното судење на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, неговите некогашни соработници и владејачката ХДЗ, првата партија обвинета за корупција поради извлекување пари преку маркетиншката агенција Фими медија, е објавена денес и Санадер и ХДЗ се прогласени за виновни, јавува Јутарњи лист.

Повторното судење за извлекувањето пари од државните институции и фирми преку маркетиншката агенција Фими медиија почна во 2016 година откако врховниот суд ја укина ослободителната пресуда од 2013.

На првото судење Санадер е неправосилно осуден на девет години затвор со обврска да врати 15 милиони куни корист, додека ХДЗ требаше да врати над 24 милиони куни и да плати казна од пет милиони куни.

Санадер, кој издржува затворска казна од 2019 година поради случајот Планинска, во меѓувреме е неправосилно осуден поради примање мито од унгарски МОЛ при преземањето на ИНА, а во 2018 за профитерската провизија од австриската Хипо банка.