Автобус удрил во малолетен велосипедист во Скопје

0
91

Автобус удрил во малолетен велосипедист во Скопје, по што велосипедистот бил пренесен во болница и му биле констатирани тешки телени повреди.

„На 11.12.2020 околу 17,40 часот во Скопје на бул.„Србија“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од И.С.(26) од Скопје и малолетен велосипедист од Скопје“ информираат од МВР.

По незгодата велосипедистот бил пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.