Бројот на заразени во Тетово и петте околни општини е поголем од бројот на излечени

0
104

За прв пат после подолго време за период од седум дена, бројот на заразени во Тетово и петте околни општини е поголем од бројот на излечени. И покрај ваквата состојба од Кризниот штаб на Општина Тетово по одржување на денешниот состанок оценија дека состојбата со Ковид 19 во тетовскиот регион е стабилна

Вкупниот број на лица со дијагностициран #COVID19 од почетокот на пандемијата до денес е 4104. Од оваа бројка досега се опоравиле 2759 лица, а 157 починале, со што бројот на активни случаи во Тетово и 5 околни општини е 1188 година.

-Ситуацијата е стабилна, иако во текот на изминатите 7 дена во Тетово и околните општини имаме двојно повеќе нови случаи на #COVID19 во споредба со бројот на излекувани лица, И овојпат ги повикуваме граѓаните да ги почитуваат заштитните мерки и протоколи, со цел да се регистрира намален број на нови случаи со #covid19, што ќе овозможи до одреден степен, нормализирање на секојдневниот живот, со што помалку ограничувања.,истакнаа од Кризниот штаб на Општина Тетово