Бугарија категорично НЕ, Меркел уште дава надеж за Македонија

0
103

Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање, рече германската канцеларка Ангела Меркел на видеоконференција со европарламентарците. Земјава е во очекување на министерскиот совет на Унијата кој треба да се одржи на почетокот на овој месец но засега нема позитивни најави од Бугарија. Меркел сепак е оптимист иако вели дека сè уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија.

„Се соочуваме со потешкотии да овозможиме одржување на меѓувладината конференција со Северна Македонија. Албанија направи голем напредок, но особено е во прашање дали ќе успееме навреме со Северна Македонија, затоа што си уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, додаде Меркел.