Тетовци за нова година или дома или во викенд населбата на Попова Шапка.

0
73

Или дома или во викенд населбата на Попова Шапка. Ова се двете дестинации каде тетовци ќе ја дочекаат новата година.

Голем дел од граѓаните кои ги анектиравме велат дека дома ќе ја дочекаат новата година поради поголема безбедност, а и така и така како што велат се е затворено.

Од Здружението на граѓани Попова Шапка, се надеваат дека ќе се почитуваат здравствените протоколи. Се е до свеста на населенито, но тука е и полицијата да контролира и санкционира.

Од СВР Тетово, велат дека за новогодишната ноќ, но и наредните денови ќе ги засилат контролите, особени во туристичките центри кои се наоѓаат на подрачејто кое го покриваат.