ФОТО: Масакр во Витина – прво ја убил сопругата, па двата сина и на крај си пукал во уста

0
185

Ф.З. од Косовска Витина вечерва си го уби целото семејство, а потоа си пресуди себеси во дворот на семејната куќа.

Тој најпрво пукал во својата сопруга МФ., а потоа ги убил двата сина А.Ф. и Х.Ф.

После извршениот масакр, извршил и самоубиство во дворот од семејната куќа.

Семејството наводно живеело во Швајцарија, а во Косово дошле поради празникот.Медиумите наведуваат дека сопружниците веќе со години имале лоши односи.

„Со години се во лоши односи. Ја убил прво сопругата, а потоа децата. Излегол во двор, па си пукал себеси во уста“, рекол извор близок до истргата за косовските медиуми.

Полицијата е на местото на настанот.