Шест македонски научници меѓу најдобрите во светот

0
115

Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Валентин Мирчески, Рубин Гулабоски, Трајче Стафилов и Иван Грозданов се најдоа на листата на водечки 2 проценти од научниците во светот.
Шест македонски научници се најдоа на листата на топ 2% научници во светот. Имињата на македонските научници Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Валентин Мирчески, Рубин Гулабоски, Трајче Стафилов и Иван Грозданов се споменуваат меѓу 100.000 најдобри научници со светот, а вреднуван е не само нивниот професионален труд и достигнување, туку и импактот на нивната работа и трудовите коишто ги имаат објавено.
Станува збор за обемна листа којашто ја изработи тричлен тим предводен од проф. д-р Џон Јоанидис од Универзитот Стендфорд во САД. Листата е објавена во рамките на трудот „Updated science-wide author databases of standardized citation indicators“ во научното списание „PLOS Biology“.

Рангирање
Двајца од научниците се академици од Македонската академија на науките и уметностите – професорот Љупчо Коцарев кој во моментов е актуелен претседател на МАНУ и Леонид Грчев професор и академик во МАНУ. Професорот Валентин Мирчески е од Институтот за хемија при ПМФ Скопје, професорот Рубин Гулабоски од Факултет за медицински науки на Универзитетот Гоце Делчев Штип, а на листата се и пензионираните професори Иван Грозданов и Трајче Стафилов – и двајцата од Институтот за хемија при ПМФ Скопје.

Ljupco Kocarev, Mazedonische Akademie der Wissenschaften und Künste
Професорот Љупчо Коцарев во моментов е актуелен претседател на МАНУ

Студијата вклучува рангирање на седум милиони научници од целиот свет од 22 научни области и 176 под-области, од кои е направена листата од над 150.000 научници врз основа на голем број на комбинирани библиометриски индикатори, без да се земе предвид возраста на научниците. Повеќето од научниците коишто се најдоа на листата имаат објавено по најмалку пет трудови.