Николоска – ВМРО ДПМНЕ ја користи пандемијата за политичко надмудрување и го блокира законот за влез на вакцини

0
752

Да избереш тема пандемија за политичко надмудрување, а истовремено на штета на граѓаните, само по себе покажува колку се безидејни во политичката битка.

Ова на својот Фејсбук профил го објави пратеничката од редовите на СДСМ Фаница Николоска, откако вчера пратениците на ВМРО ДПМНЕ го искористија отсуството на двајца пратеници од власта кои се во изолација, за да ја блокираат 30 – та седница на Собранието оневозможувајќи кворум на истата.

Пратениците од СДСМ реагираа дека со ваквиот пристап пратениците од ВМРО ДПМНЕ покажуваат недржавничко однесување затоа што на дневниот ред требало да се расправа и гласа за измените на законот за лекови поврзани со вакцинацијата против КОВИД 19.

Според власта опозицијата има други интереси, теснопартиски и лични, за да ја прикаже државата во лошо светло, поради што трпат институциите и државата.

Пратеничката од СДСМ Николоска пак смета дека веќе е јасно оти ДПМНЕ не сака да му помоне на својот народ.

-Кога на дневен ред е Законот за лекови кој е битен за вакцинирањето, а во услови кога еден пратеник е позитивен на Ковид, а друг е во изолација, пратениците на опозицијата одлучија да не присуствуваат на седницата. Во време на пандемија ДПМНЕ не сака да му помогне на својот народ. Здружени со Апасиев околу блокирањето на донесувањето на законот за влез на вакцини против КОВИД 19, само покажуваат дека дното нема граници, рече пратеничката од СДСМ Фаница Николоска

Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ кажаа дека не присуствувале на седницата поради недемократското однесување на мнозинството во парламентот, кое со злоупотреби на европското знаменце сака да избегне дебата во Собранието.

Инаку од владејачкото мнозинство еден пратеник е позитивен на коронавирус, а уште еден е тестиран и чека резултати, па поради тоа и двајцата се во изолација.