Спасовски: Албанската опозиција не знае што сака – тој и Буши остануваат на мислењето за Законот за државјанство

0
139

Според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски законот за државјанство предложен во Собранието од коалицијата АА-ААА, е неразбирлив во врска со тоа што сака да се постигне со истиот.

Мислењето на МВР кое пред неколку дена беше доставено до Владата, според Спасовски, во основа има државен интерес. Додека коалицијата АА-ААА, пред неколку дена го праша министерот за внатрешни работи кој му побарал на него мислење за предлог измените на законот за државјанство.

„Зошто е толку итен овој случај според вас и владата, што не ви пречеше да потпишете документ, кој во суштина е со шовинистичка содржина и е насочен против еден значителен дел на граѓаните на РСМ, исто како што е и самиот постоен закон?“, истакна Фљакрон Беџети.

ТВ21 ова прашање му го постави на министерот кој појасни:

Член 138 од Собранискиот деловник вели дека „Предлог-законот кој не го предложила Владата, Претседателот на Собранието ќе и го испрати на Владата за мислење“. А, со мислењето на Спасовски изгледа се согласува и неговиот заменик, Буши.

Координаторот на парламентарната група на коалицијата АА-ААА, Скендер Реџепи за ТВ21 вчера рече дека за нив мислењето на МВР е нерелевантно, затоа секаква дебата за нивниот предлог прифаќаат само во Собранието.

-Спомнавте шовинистички менталитет. СДСМ 4 години е на власт, вклучително и МВР, мислите дека се уште е со тој менталитет?

Скендер Реџепи: Ако инсистираат на овој став во рамки на разговорите во парламентарните групи, за жал ќе треба да констатираме дека продолжува истото мислење кое владееше две и пол децении претходно.

Доколку СДСМ во Собранието биде на истиот став како МВР, Реџепи рече дека се подготвени да седнат и да дискутираат за заедничко решение, прифаќајќи ги како политички барања, а не како барања на Министерството.