Дел од енергетските капацитети на ЕСМ ќе одат на продажба или ќе се управуваат со приватни инвеститори

0
55

Вицепремиерот за економски прашања Фсатмир Битиќи најави преструктуирање на претпријатијата во државна сопственост посебно кај оние кои со години остваруваат загуби.

Тој учествувајќи на дебата на „Работењето на државните претпријатија низ призмата на финансиските индикатори“ рече дека пред одлуката како ќе се реализира преструктуирањето ќе се подговат физибилити студии.

– Започнат е процес на избор на компании за физибилити студија за Македонски пошти и ТЕЦ Неготино и истиот процес ќе следи и за Железници Транспорт, ТЕЦ Осломеј или дел од енергетските капацитети кои функционираат во рамките на АД ЕСМ – рече Битиќи.

Фатмир Битиќи, денес, на покана на „Центарот за граѓански комуникации”, „Конект” и „Здружението на даночните советници”, учествуваше на дебата која се спроведува во рамките на проектот „Засилување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис секторот” на тема „Работењето на државните претпријатија низ призмата на финансиските индикатори”, а на кој беше презентирана и публикација за резултатите од финансиското работење на 30-те најголеми јавни претпријатија во државна сопственост.

Вицепремиерот Битиќи, во своето излагање посочи дека причината и приоритетот поради кои се основани јавните претпријатија е обезбедување на услуги за граѓаните. Тоа треба да бидат квалитетни и навремени услуги, кои го олеснуваат и даваат квалитет на животот на граѓаните на нашата земја, a еден од показателите за тоа дали ја исполнуваат својата примарна цел се финансиските резултати.

„Земајќи ги предвид податоците кои произлегуваат од анализата, фактот што поголемиот број од претпријатија кои се во сопственост на државата во 2019 година имаат многу поголема ефикасност и ефективност во нивното работење во споредба со претходните години е доказ дека политиките на Владата и преземените мерки за подобрување на состојбата во овој сегмент на државното функционирање полека но сигурно ги даваат своите резултати”, потенцираше вицепремиерот Битиќи.