Мицкоски: Ако не се повлече Законот за Попис ќе се мобилизираме за негово поништување ВИДЕО

0
67

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели неопходно е за пописната операција да има консензус меѓу власта и опозицијата, а доколку се инсистира на сега предложеното решение Мицкоски најавува иницијатива за него поништување, па и непризнавање на резултатите.

Главните забелешки на ВМРО ДПМНЕ е одбивањето попишувањето да се врши со земање отисок од прст, но и се уште не објавената методологија за претстојното пребројување.

Покрај ова, според опозицискиот лидер пописот по примерот на голем број други земји треба да се одложи и поради се уште актуелната пандемија од коронавирусот.