Од 1 февруари се планира враќање на администрацијата на работа во комплетен состав и со полно работно време

0
74

Со оглед на тоа дека бројот на заразени од Ковид-19 е намален, од 1 февруари 2021 година се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државната и јавна администрација во полн состав со полно работно време на работните места, информираат од Владата за МИА.

Овој став, како што потенцира портпаролот на Владата, Душко Аровски за МИА, претходно ќе се побара и дополнително мислење од Комисијата за заразни болести