Првиот човек во кланот Ротшилд почина од срцев удар: Само тој контролираше 200 милијарди долари

0
125

Познатиот банкар и претседател на „Групацијата Едмонд де Ротшилд“, баронот Бенјамин Ротшилд починал од последиците од срцев удар на 57-годишна возраст.

Синот на Едмонд Ротшилд, човекот кој до својата смрт важеше за најбогат член на ова моќно банкарско семејство, починал во Швајцарија.
Неговото семејство соопшти дека тој починал во петокот во неговиот дом.