Приведен жител на Вевчани поради смртни закани кон Пендаровски и Заев

0
64

Полицијата синоќа го приведе 45 годишниот жител на струшко Вевчани со иницијали Г.П, кој на социјалните мрежи се закануваше со убиство и смртни закани, на премиерот Зоран Заев и претседателот на државата Стево Пендаровски. Исто така од видеото може да се види дека тој упатува и недолични зборови и до министрите во Владата. Според МВР, тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

„Тој, на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица.При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, пронајдени се и одземени лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.