Се појави нов документ: Три американски решенија за спорот меѓу Белград и Приштина

0
152

Во Вашингтон се појави нов документ за решавање на прашањето за односите меѓу Србија и Косово, зад кои стои човек на бившиот претседател на САД, Барак Обама, пишува Блиц.рс.

Според тој документ има три можности за договор меѓу Белград и Приштина, но се истакнува дека ниту една „не е идеална“.

Првата е употреба на „стимулации“ за Србија – поддршка од донатори и забрзано членство во ЕУ за да се согласи на признавање.

Втората е Србија да одобри формирање на нови автономни области за косовските Срби, но и за српските Албанци.

Третата е враќање кон предлогот за размена на територии кој бил основа на Нацрт-договор за 2018 година, пишува Блиц.

Ова, според Блиц се заклучоците од анализата „Рестартирање на дијалогот меѓу Косово и Србија“, зад која стои влијателниот тинк-тенк Меѓународна кризна група.

Претседател на оваа организација е Роберт Малеј, човек од администрацијата на американските демократи и советник во Белата куќа за време на претседателскиот мандат на Барак Обама, пишува Блиц.