Состојбата со коронавирусот во тетовско се стабилизира.

0
59

Состојбата со коронавирусот во тетовско се стабилизира. оценија од Кризниот штаб на Општина Тетово по денешниот состанок. Во последните 10 дена имаме значително намалување на бројот на новозаболени во однос на нови случаи на ковид 19, како и на бројот на граѓани кои бараат медицински третман во Клиничкиот центар во Тетово.

Вкупниот број на лица со дијагностициран #COVID19 од почетокот на пандемијата до денес е 4870. Од оваа бројка досега се опоравиле 3985 лица, а 187 починале, со што бројот на активни случаи во Тетово и 5 околни општини е 698.

Во Клиничката болница во Тетово, на одделот за инфектологија има вкупно 16 пациенти со умерена клиничка слика и на кислородна поддршка

Бидејќи основните и средните училишта во општина Тетово се на зимски распуст во првата половина од учебната година, немаме нови случаи со дијагностициран ковид19, а во градинката во Тетово, една група е во домашна изолација .

Во текот на минатата недела, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, во периодот од 25.12.2020 до 11.01.2021 година за неносење заштитни маски издадени се казни на вкупно 246 граѓани. Во овој период, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во тетовскиот регион подготви нови решенија за изолација за 158 граѓани, додека со вакви решенија беа извршени проверки на 289 лица.

Ги повикуваме граѓаните да продолжат да бидат внимателни и одговорни и во наредниот период, целосно почитувајќи ги мерките и протоколите за заштита од КОВИД 19