Софтверска грешка го зголеми бројот на смртни случаи со КОВИД 19 во Тетово

0
129

Рекордните 11 починати лица поради Ковид-19 на тетовското подрачје не се само во еден ден, појаснуваат од Ковид центарот при Клиничка болница Тетово за денешните статистички податоци објавени од Министерството за здравство. Според Министерството за здравство од 21 починато лице, 11 биле од тетовскиот регион, лица на возраст од 56 до 77 години.

-Станува збор за софтверска грешка поради која не се евидентирани смртни случаи од 15 јануари до вчерашниот ден и пренос на податоци. За изминатите 24 часа односно од 12 часот во неделата до 12 часот во понеделникот односно вчера починати се три лица, информира д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид-центарот.