Спасувачите во Кина успеаја да извлечат 11 рудари живи на површината

0
89

 

Спасувачите во Кина успеаја да извлечат 11 рудари живи на површината. Тие две недели беа заробени 600 метри под земјата во рудник за злато во северна Кина, пренесуваат кинеските медиуми.

Кинеската телевизија прикажа снимка од извлекувањето на првиот рудар, кому му беа врзани очите за да се заштити од светлината. Тој веднаш беше пренесен во болница на лекување, а неговата состојба е опишана како „екстремно слаба“, објави Би-Би-Си.

ttps://youtu.be/eNOQXmI3Qpc?t=2