Ова е последниот функционер со кој пиеше кафе вчера со Сашо Мијалков

0
79

Последниот функционер кој пиеше кафе вчера (недела) со поранешниот директор на ДСК, Сашо Мијалков, беше поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски.

Тие испија кафе во кафетеријата Дистрикт во центарот на Скопје, која е во ко-сопственост на синот на Мијалков, Јордан Мијалков.

Како што објави „360 степени“, Коневски и Мијалков разговарале околу 30 минути.

Прво замина Коневски, а потоа и Мијалков. Запрашан денес дали знае каде е Мијалков, Коневски кратко одговори: „Не знам“. Слично одговори и адвокатот на Мијалков