Реисот контра Ангелов: Ниту зборувавме за УЧК и „Голема Албанија“, ниту го осудивме скандирањето на протестот за „Монструм“

0
146

Исламската верска заедница не го осудила скандирањето „УЧК-УЧК“, какошто вчера соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов по заедничката средба..

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов викендов на својот фејсбук-профил силно го осуди скандирањето „УЧК” на протестот во петокот, за случајот „Монструм“.

Сепак, според денешното обраќање на реисот Шаќир Фетаи, ваквиот став на ЦУК е спротивен со ставот на Исламската верска заедница, од каде истакнуваат дека УЧК односно ОНА е „вредност која го променила политичкиот и правниот статус на Албанците во Македонија“. Оттаму категорични се дека осудуваат само тендеции да се ограничи правото на протест или протестот да се употреби за провоцирање.