Скопјанец уценувал девојка – ѝ барал 1.500 евра за да не објави нејзини слики и клипови

0
82

Скопјанец уценувал девојка и ѝ барал 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина.

Дваесет и осумгодишникот, во период од 21 до 31 јануари ѝ ги барал парите на девојката преку мобилната апликација Вибер.

На 31 јануари, по претходен договор, се сретнале со девојката во кафе бар на плоштадот „Македонија“, каде таа му дала пари во износ од 30.750 денари, односно 500 евра во денарска противвредност. Веднаш по преземањето на парите осомничениот бил приведен.

Надлежниот јавен обвинител, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека постои опасност од бегство, до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.​​ Тој се гони за кривично дело -уцена.