Балашевиќ примен на инфективна клиника поради проблеми со бели дробови

0
88

Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ е примен на Инфективната клиника, каде ќе се лекува од пневмонија, пишува Нова.рс.

 

Според објавените информации, Балашевиќ веќе неколку дена бил лекуван во домашни услови поради симптоми на воспаление.

 

Но, поради влошување на неговата состојба, тој превентивно бил примен на Клиниката за инфективни болести во Белград.

 

Инаку популарниот балкански пејач и автор, Балашевиќ преживеа срцев удар на крајот на 2019 година.