Британскиот сој е откриен кај дури 70 отсто од случаите

0
52

Зголемениот број на заразени лица со Ковид-19 во последните неколку дена се должи на присуството на британскиот сој на вирусот, за кој е карактеристично тоа што многу брзо се шири, смета македонскиот министер за здравство Венко Филипче.

Додека се чекаат анализите на МАНУ, од приватната клиника „Жан Митрев“ посочуваат дека според нивните податоци, кај 70% од пациентите е детектиран британски сој. Филипче вели дека во некои градови во државата е зголемен бројот на хоспитализирани лица. Станува збор за болниците во Кавадарци, Прилеп и Охрид, каде има и најголем број на заразени со мутацијата на коронавирусот, но надлежните уверуваат дека има доволно слободни кревети.