Бугарија ги зголемува инвестициите во пограничните региони со С. Македонија за 50%

0
58

До 2027 година, инвестициите за развој на пограничните региони на Бугарија и Република Северна Македонија во рамките на програмата за прекугранична соработка ќе се зголемат за 50%. Сега се издвоени нешто повеќе од 19 милиони евра. Ова го изјави заменик-министерот за регионален развој и јавни работи на Бугарија, Деница Николова за BG on air, цитирана од нејзиниот прес-центар.

Се планира да се одвојат околу 9 милиони евра за изградба на граничниот премин Клепало меѓу Струмјани и Берово, стратешки проект за обете земји. Целта е да се подобри поврзаноста меѓу двете земји, да се олесни трговијата и да се промовира туризмот. Според проектот, ќе се изгради целата неопходна инфраструктура, вклучително и дел од пристапните патишта.

Според новата програма, малите и средни претпријатија во пограничните области ќе добијат директна помош во вкупна вредност од 2,5 милиони евра. Со нив, бизнисот ќе добие грант средства за нова опрема и модернизација на производството, уверува регионалниот заменик министер.

Деница Николова извести дека постои 17-годишно партнерство помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија во областа на прекуграничната соработка.

За овој период се спроведени 230 заеднички проекти. Од нив, 60 се под претпристапни програми на ЕУ. Останатите 170 се спроведени во двата програмски периоди од 2007 година до денес.

„Од 2014 година, договоривме повеќе од 19 милиони евра. Имаме 65% исплата на средства, што значи дека проектите се успешно договорени и се реализираат на време“, рече Николова.

Таа објасни дека оваа програма го поддржува подобрувањето на животната средина во регионите, развојот на туризмот, културата и друго.