Ѓорѓе Балашевиќ испратен во вечното почивалиште: Со тамбураши и песната „Оливера“ која ѝ ја посвети на сопругата

0
96

Како што пренесуваат српските медиуми, од капелата до гробницата, тамбураши свиреле негови песни.

Во тажната поворка присуствувале и градоначалниците на Нови Сад и на Љубљана.

Денеска во Нови Сад е ден на жалост, а вечерва на билбордите и на автобуските постојки во градот ќе бидат поставени цитати од неговите песни.. Балашевиќ почина на 67-годишна возраст во петокот во Клиничкиот центар на Војводина.