Видео: 400 затвореници избегале од затвор на Хаити има и загинати

0
64

Во извештајот на локалните власти стои дека 25 лица загинале за време на масовното бегство од затворот Круа ле Буке.

Меѓу нив и директорот на таа установа и случајни минувачи кои се нашле во инцидентот, пренесе Би-Би-Си.

Меѓу убиените е и моќниот шеф на подземјето Арнел Жозеф кој смртно настрадал кога со мотоцикл се појавил на еден контролен пункт неколку часа по бегството.