ВМРО-ДПМНЕ од утре ќе собира потписи за одложување на пописот

0
54

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утре ќе почне со иницијативата за собирање на потписи за одложување на пописот што е најавен да се спроведе од 1 до 21 април оваа година. Нејзиниот лидер Христијан Мицкоски, при денешната посета на Старата скопска чаршија и средбите со занаетчиите, повторно ја повика власта да не ги изложува граѓаните на ризик со теренски активности за пописот и уште го истакна предлогот за целосно електронско спроведување на операцијата.

 

 

– За иницијативата за собирање на потписи за одложување на пописот на населението, разговаравме на седница на Извршниот комитет. Многу земји го одложија пописот, а последна го стори тоа Хрватска. Апелираме ако сакаат насила да спроведат попис, тогаш барем нека го спроведат електронски, со што ќе покажат грижа за здравјето на граѓаните, изјави Мицкоски.