Во Тетово на тротоари и улици започна да се продава и живина

0
88

Во Тетово на тротоари и улици започна да се продава и живина.Поради немањето на сточни и пазари на големо јавните површини се пренаменија во место за трговија. Од Општина Тетово со ветување дека ќе се обезбедат соодветни локации за оваа намена.

Живината се продава на влезот од Тетово на само стотина метри од центарот на градот. Продавачите велат дека се свесни оти го узурпираат просторот, но немаат каде да ја продаваат живината. Бараат општината да им обезбеди соодветна локација.

Проблемот со узурпацијата на јавните површини во Тетово е присутен со децении. Улиците и тротоарите во населбата Горна Чаршија секој четворток се користат како место за пазар на големо.

Од Општина Тетово ветуваат решавање на проблемот со изградба на сточен пазар и пазар на големо.
Локациите според најавите на општинските власти и за двата пазари ќе бидат во дворот на поранешнит воспитно – поправен дом во Тетово