Сопственикот на Фејсбук подготвува комплетно нова апликација

0
104

Според неофицијални информации првиот човек на „Facebook“ им дал инструкции на своите софтверски инженери да започнат да работат на апликација која ќе биде слична на онлајн платформата „Clubhouse“. Апликацијата „Clubhouse“ е релативно нова апликација, која се појави во 2020 година. Тоа е платформа за аудио разговор каде корисник може да стане само оној кој ќе добие повик од некој што веќе ја користи. Од „Facebook“ веќе пристигна информација дека работат на решенија кои на корисниците ќе им понудат нови начини на комуникација, а сега како продолжение на таа приказна доаѓа веста дека станува збор за аудио формат, кој „Facebook“ планира да го користи во рамките на своите услуги и апликации