Доколку делегатите се невалидни и Конгресот е со истечен мандат, тогаш и Мицкоски е нелегитимен претседател

0
67

Христијан Мицкоски не гледа дека партијата губи на пет изборни циклуци по ред и постојано тоне со рејтингот откако тој е на челната позиција. Само за четири години, ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски загуби околу 150 000 гласови на парламентарните избори, реагираат долгогодишни и истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да излезе пред делегатите кои го избрале и да се соочи со нивниот суд, Мицкоски во страв и параноја дека ја загубил поддршката на сите 367 сопартијци кои го гласале во Валандово, одлучува да им се заканува преку медиуми.

Последниот изблик на страв на Мицкоски беше преточен во брифинг дека сите што го избрале ќе биле кривично пријавени ако одлучат од него да побараат одговорност, пишуваат медиумите.

За да биде ситуацијата уште поапсурдна и попараноична, бриферот на Мицкоски останал анонимен за да не се знае кој ги пренесува неговите стравови.

„Кривично дело „лажно претставување“ ќе им се товари на иницијаторите на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кои на 28 март ќе се претстават како делегати и ќе гласаат за смена на актуелниот лидер Христијан Мицкоски, тврдат високи извори од партијата, посочувајќи дека мандатот на делегатите е истечен уште во мај 2019 година.“ гласи анонимната закана од ВМРО-ДПМНЕ.
Врвот на апсурдот е што во ист текст со заканата се вели дека иницијативата за одржување вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ целосно издишала во неделата кога македонската јавност дознала за бегството на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, па зачудува фактот зошто воопшто има закани доколку „иницијативата издишала“.