Лавров остро ги нападна Американците: Какви се вашите планови во Сирија? Останувате да ја уништите таа земја или ќе си заминете?

0
59

Москва ќе ги праша своите американски колеги за нивните планови во врска со присуството во Сирија, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

„Во последно време слушаме разни работи од различни извори. Досега не можевме да ги потврдиме, па сакаме директно да ги прашаме Американците. Некои велат дека наводно одлучуваат никогаш да не се повлечат од Сирија, да ја уништат земјата“, изјави Лавров и додаде дека присуството на САД во Сирија е нелегално.

Министерот за надворешни работи на Русија откри денеска дека САД ипратиле предупредување до Русија неколку минути пред да извршат напад во југоисточниот дел на Сирија, нагласувајќи дека временската рамка била неадекватна.

 

 

 

Американската армија по налог на новиот претседател Џо Бајден изврши воздушни напади во југоисточна Сирија на објекти за кои Пентагон вели дека им припаѓаат на проиранските борци. Во нападите загинале најмалку 17 лица, соопштија денеска сириските власти.

Ова е инаку првиот воздушен напад, односно првата акција на американската армија откако на должност стапи новиот американски претседател Џо Бајден. Според зборовите на рускиот дипломат, Москва повеќе пати изразила загриженост поради делувањето на Американците во Сирија.

Тие и натаму играат на картата на сепаратизмот. Константно ги користат своите инструменти за притисок на другите земји и ја блокираат било која испорака, па дури и на хуманитарна помош, а не пак на опрема и материјали потребни за оживување на економијата под контрола на владата. Тие настојуваат да ги примораат своите сојузници да вложуваат на териториите кои не се под контрола на Дамаск“, изјави Лавров.

 

Според неговите зборови, Соединетите Американски Држави исто така ги експлоатираат и ресурсите од територијата на Сирија, пренесува руската новинска агенција „ТАСС“.