Наместо со сол во Краков со каков пијалак ги посипуваат снежните улици

0
70

Жителите на Краков, живописната древна престолнина на Полска, беа разбудени од мирисот на кафе, но не од шолји, туку од улиците, бидејќи локалната служба дошла на идеја да истури талог од кафе на снегот.

Повеќе од 50 кафулиња одговориле на повикот и талогот од кафе го испорачуваат на службата за посипување на снежните површини. Властите се надеваат и дека тоа ќе ги охрабри жителите повеќе да купуваат кафе за носење и така да им помогнат на угостителите „во овие тешки времиња“ на пандемијата на коронавирусот.

На кафулињата и рестораните во Полска сега им е дозволено да подготвуваат пијалаци и оброци само за носење.

„Тоа е одлична идеја. Моето куче се радува“, вели Бартек во прошетка со својот пес Фурија, австралиски овчар.

Друг минувач кажал дека се радува што се откажало од употребата на „штетната сол“, а трет верува дека „одлуката ќе поттикне повеќе луѓе да купуваат кафе“.