Николина Пишек најдена на подот и без свест заедно со својата ќерка во станот- водителката итно пренесена во болица

0
185

Водителката Николина Пишек и нејзината ќерка Уна преживеале вистински пекол ноќта помеѓу саботата и неделата, пренесува „Блиц“.

Имено, во зградата во Загреб, каде што живее Николина со нејзиниот сопруг, историчарот на уметност Видоје Ристовиќ, според медиумите пукнала цевката за гас што обезбедува греење на целата зграда, а Николина и Уна се затруле со јаглерод моноксид.

“Сè се случи ноќта помеѓу саботата и неделата. Николина разговараше околу  дваесет часаот со Видоје, кој мораше да дојде во Белград поради работа, а потоа му рече дека дошла од градот со својата ќерка и дека ќе гледаат филм и ќе одмараат заедно. Тогаш Николина го повика својот сопруг околу еден часот вечерта и рече дека нивната ќерка Уна повраќа и има силна главоболка. Потоа му рече дека и таа не се чувствува добро. Видоје ги советуваше да одат во доктор веднаш, на што Николина се согласи “, открива изворот. близок до водителката и додава:

“Кога нејзиниот сопруг и се јави неколку минути подоцна, Николина не одговори. Видоје веднаш повика неколку пријатели да одат кај нив и да проверат што се случува со Уна и Николина. Сепак, кога пријателите пристигнале, тие само слушнале како лаеле кучињата, но никој не ја отворил вратата. ПРешиле да ја скршат вратата и ја виделе Николина, која била во бесознание на подот, додека нејзината ќерка лежела во кревет, исто така, била во несвест. од Брзата помош пристигнале на лице место, сфатиле дека цевката што пукнала поради градежните работи предизвикала труење со гас. Со амбулантно возило  се пренесени во болница. Николина е пуштена од болница дури денес, додека нејзината ќерка се уште е на детска клиника.Пожарникарите измерија седум пати поголема доза на гас од дозволената “вели извор близок на водителката.