Радев: Владата не успеа да ѝ ја претстави на ЕУ бугарската позиција за Северна Македонија

0
73

Бугарскиот претседател, Румен Радев, рече дека спорот со Северна Македонија ја потврдил тезата оти самото доделување бугарско државјанство не е доволно за соработката со бугарските заедници во странство.

„Можете да видите дека граѓаните со бугарски пасош во РС Македонија не се чувствуваат како граѓани со самодоверба. Бугарската Влада не успеаја да и ја претстави на ЕУ позицијата на Бугарија за РС Македонија“, рече Радев.

На прес-конференција на која даде отчет за сработеното, Радев најави дека ќе се кандидира за втор мандат. Tој рече дека во оваа бурна година за Бугарија, претседателската институција продолжила да ги брани интересите на Бугарите, да биде последната бариера за беззаконието, да работи за модернизација на Бугарија и за интересите на Бугарите во странство.