Граѓаните во улога на инспектори за животна средина

0
56

За полесно откривање и справување со изворите на загадување, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) подготви платформа преку која граѓаните ќе можат да пријавуваат загадувачи на воздухот и почвата. Пријавувањето граѓаните ќе можат да го направат преку своите социјални мрежи , електронските адреси или на веб – страницата на Инспекторатот.

– На тој начин ќе се олесни процесот на брзо добивање и евидентирање пријави и навремено реагирање од страна на инспекторите при извршување на задачите. Пријавувањето е едноставно, со испраќање порака преку фејсбук страницата на ДИЖС, мејл адресата prijavi@sei.gov.mk, веб-страница http://www.sei.gov.mk, и преку полето „Пријави“ не е-мапата на загадувачи http://www.mapanazagaduvaci.mk. Во пријавите граѓаните треба накратко да го опишат проблемот што го пријавуваат, да ја наведат локацијата каде забележале загадување, доколку можат да испратат фотографија и видео и да остават нивни податоци, за да можат инспекторите да ги исконтактираат – појасни директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска.

Граѓаните треба преку Платформата треба да наведат повеќе инструкции, а ДИЖС ќе може да им одговори на граѓаните кои поднеле пријава дали и како постапиле по пријавите.

– Платформата за пријавување за загадување треба да ја подобри соработката на ДИЖС со граѓаните, да овозможи подобра координација при инспекцискиот надзор на државно и локално ниво и да обезбеди поголем увид во работењето на инспекторите на терен – изјави Петровска.