Руските експерти одобрија производство на „спутник V“ во Србија

0
44

Руските експерти го одобрија производството на руската вакцина „Спутник V“ на Институтот „Торлак“ во Србија.

Првата фаза опфаќа производство на финалниот глот или финалниот производ, што практично значи полнење и пакување на вакцината. Тоа значи дека тој дел од работата ќе се случува на „Торлак“. Со која брзина ќе одиме зависи од времето потребно производните погони да се ускладат со производството на новата вакцина“, објаснува директорката на Инсититутот Вера Стоиљковиќ.

Засега не се разговара за втората фаза која би вклучувала целосно производство.