ШОКАНТНО – САД имаат скоро 500.000 смртни случаи од коронавирусот

0
59

Соединетите држави се приближуваат до бројката од 500.000 смртни случаи од коронавирусот, соопшти Универзитетот Џонс Хопкинс, прецизирајќи дека досега од овој вирус починале околу 498 000 луѓе. Имунологот Ентони Фаучи рече дека бројот на 500.000 луѓе е скоро 70.000 повеќе од американските жртви во Втората светска војна. Соединетите држави го надминаа прагот од 400.000 смртни случаи од коронавирус во јануари пред инаугурацијата на претседателот Џо Бајден.