АЛИ АХМЕТИ: ПОДГОТВЕНИ сме да направиме компромис со опозицијата

0
118

Лидерот на албанската партија во Северна Македонија, Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, беше запрашан за блокадата на опозицијата што ја прави во собранието.

Ахмети изјави дека не е добро опозицијата да блокира закони во комисиите.

Тој изрази подготвеност за разговори и компромис.

„Не е добро опозицијата да ги блокира во комисиите законите што мора да бидат одобрени во Собранието и ние секогаш сме биле отворени. Во демократијата, главниот постулат се преговори, компромиси, дијалог, ние сме за дијалог, ние сме за компромиси, ние сме за преговори и никогаш не го избегнуваме овој постулат “, изјави лидерот на интегративците, Али Ахмети.

Во врска со состанокот на лидерите на кој се разговараше за актуелните прашања, Ахмети рече дека тие секогаш биле отворени за преговори и компромиси