Ахмети: Нема раздор во ДУИ, парламентарното мнозинство е стабилно

0
87

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, тврди дека нема раздор во партијата и дека парламентарното мнозинство е стабилно и покрај тоа што пред два дена досегашниот координатор на пратеничката група Изет Меџити се повлече од таа позиција, а на негово место дојде Арбр Адеми.

Одговарајќи на новинарско прашање за време на одбележувањето на 40-годишнината од студентските демонстрации во Приштина, Ахмети изјави дека владејачкото мнозинство е стабилно и нема ништо загрижувачко во Собранието.

За отсуството на Меџити на настанот, Ахмети вели дека сигурно имал некои негови обврски.

Tука беа пратеници, министри и повеќето беа присутни. Нема друга причина, нешто вонредно, тоа што не беше присутен. Парламентарното мнозинство навистина е стабилно, значи нема нешто загрижувачко во тој дел – изјави Ахмети.

Тој тврди дека Парламентот не е блокиран освен некои закони кои опозициските партии ги блокирале на комисија што, според него, не е добро.

Ахмети порача дека ДУИ секогаш е отворена за компромис и дијалог